СТУДЕН БРАН
(обилни врнежи од дожд, снег, силен ветер и заладување)
Под влијание на влажен и студен бран денеска ќе има значителна промена на времето со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 70 km/h), а температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица.
Во Скопје денеска времето ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе продолжи да дува и во недела претпладне. Температурата ќе опадне и ќе се задржи ниска до средината на следната седмица.