Акциска контрола во Прилеп, приведени пет лица, 13 санкционирани возачи

 1,008 

Во текот на изминатата вечер (10/11.08.2022), од страна на патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за брзо распоредување, Посебната единица за поддршка, Единицата за интервентна полиција и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп беа спроведени контроли на лица и патнички возила на подрачјето на Прилеп.

За време на контролите пет лица се лишени од слобода, од кои кај едно лице била пронајдена марихуана, три лица поради нарушување на јавниот ред и мир, а кај едно лице биле пронајдени шишиња со бензин во автомобилот што го управувал и истите биле сопственост на лицата кој го нарушиле јавниот ред и мир.- соопшуваат од СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment