Акциска контрола на СВР Битола, констатирани нерегуларности, следуваат кривични пријави

 1,500 

На 20.09.2022 во временскиот период од 10.00 до 13.00 часот од страна на Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола во содејство со инспектори од Министерството за животна средина и Државниот пазарен инспекторат Битола беше извршена контрола во 4 правни субјекти и 5 складови на физички лица кои не се регистрирани за вршење дејност -откуп на секундарни суровини-отпад.

При проверка во складовите на физичките лица М. В. (32)и Ф.М. (44) од Битола констатирани се низа нерегуларности: непоседување дозвола за вршење на дејност, немање законски неопходна документација, неводење на книговодствена евиденција за откуп и продажба на отпад и др.
По документирање на случајот против лицата ќе следува кривична пријава.-соопштија од СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment