Акциска контрола на СВР Битола

 1,166 

На 16.09.2022 во времето од 12.00 до 16.00 часот на подрачјето на Битола спроведена е акциска контрола со цел подобрување на јавната безбедност и спречување на меѓусебно насилство помеѓу средношколците во средните училишта во Битола.
Исто така извршена беше контрола и во обложувалници и казина во непосредна близина на училиштата ,при што во обложувалница лоцирана на ул.Васко Карангелевски констатиран е прекршок по чл.20 од Законот за игри на среќа (присуство на малолетници).
За време на спроведувањето на акциската контрола, контролирани се 22 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment