Безбедно лето 2022: Превентивна акција на ОВР Ресен за спречување на пожари

 947 

Во текот на денешниот ден (10.08.2022) од страна на полициски службеници од СВР Битола- ОВР- Ресен, а во склоп на оперативниот план Безбедно лето, спроведена е превентивна акција за спречување и откривање на пожари на подрачјето на ОВР Ресен.

Активноста е спроведена заедно со претставници од ЈП Национални шуми. За време на активноста беше разговарано со месното население околу ризиците од палење оган на отворен простор и последици од истиот, при што беа поделени и летоци со едукативна содржина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment