Билтен:Во Прилеп опожарено возило, физички напад

Дневен билтен на СВР Битола

На 12.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Октомвриска” во Прилеп било опожарено патничко моторно возило „ауди”со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ј.Н.(51) од Прилеп. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 11.12.2024 во СВР Битола, З.Т.(43) од Битола пријавил дека во населба Отешево, ресенско, неговата малолетна ќерка била касната од куче  скитник.

На 11.12.2024 во ОВР Прилеп, О.С.(40) од Прилеп пријавил дека во Градскиот пазар во Прилеп бил физички нападнат од С.Н., кој употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment