Билтен на СВР Битола:Претреси и 2 лица лишени од слобода, каснување од куче скитник кај Градски парк

Според извештајот на СВР Битола дневните пријавени вчерашни настани се следни:

На 22.11.2023 во 13.50 часот во СВР Битола, Е.К.(67) од Битола пријавил дека во Градскиот парк бил каснат од куче скитник.

На 22.11.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го  лишиле од слобода А.А(30) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени предмети во врска со кривичното дело по член 215  од Кривичниот законик.

На 22.11.2023, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола  го  лишиле од слобода С.С.(21) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени предмети во врска со кривичното дело по член 215  од Кривичниот законик.

СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment