Дневен билтен
На 02.01.2025 во 20.40 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул„ Карпалак“ во Прилеп ги лишиле од слобода Д.Т.(30) од Прилеп и Д.П.(19) од с. Мало Коњари, прилепско. При преглед кај Д.Т. била пронајдена марихуана. Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 02.01.2025 во 15.50 часот полициски службеници од ОВР Македонски Брод на ул. „Маршал Тито” во Македонски Брод го лишиле од слобода С.Д.(57) од Македонски Брод бидејќи агресивно се однесувал и ги омаловажувал и полициските службеници. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.01.2025 во 22 часот полициски службеници од СВР Битола на ул.„Стив Наумов” во Битола го лишиле од слобода В.Ј.(24) од с.Дихово ,битолско. При преглед кај В.Ј. била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 02.01.2025 во 17.00 часот во СВР Битола С.М.(31) од Битола пријавила дека на ул. „Партизанска” во Битола била касната од куче скитник.
На 02.01.2025 во 22.20 часот во СВР Битола У.Т.(21) од с.Граешница,битолско пријавил дека на Градското шеталиште во Битола бил каснат од куче скитник.
На 02.01.2025 во 09.30 часот во Полициско одделение Велушина Ф.К.(40) од с.Жабени ,битолско пријавил дека во с.Жабени бил каснат од куче скитник.
На 02.01.2025 во времето од 12.30 до 16.50 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар извршиле увид на пожар во куќа во с.Обедник,Демир Хисар, сопственост на С.Д.(59) од с.Обедник,Демир Хисар. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Демир Хисар при што повредени лица нема, причинета била материјална штета.
На 02.01.2025 околу 12.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Затвор Прилеп при извршен преглед на торба на осуденикот К.Ѓ.(36) од Прилеп, била пронајдена марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 02.01.2025 во 14.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во куќа на ул. „Методија Шаторов Шарло“во Прилеп настанал пожар на оџак во куќа при што истиот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Прилеп. Од пожарот повредени лица нема, причинета била материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.
На 02.01.2025 во 08.16 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на раскрсницата од ул.„Александар Македонски“ со ул.„Републиканска“ во Прилеп, патничко возило „опел мерива“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(59) удрило во Т.Ч.(72), двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Ч., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
СВР Битола