Билтен СВР Битола:Физички напад, каснувања од куче скитник, пронајден починат планинар

Loading

Извадоци од Дневниот Билтен на Секторот за Внатрешни работи на Битола за 19 ноември 2023 година

На 19.11.2023 во 12.30 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на место викано „Ловечка куќа“ на планината Баба било пронајдено починато лице. Полициски службеници од СВР Битола излегле на местото и било утврдено дека се работи за С.А.(76) од Скопје, кој бил дел од планинарска група која се движела кон Пелистер. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош Битола. На местото на настанот увид извршила увидната екипа на СВР Битола, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

На 19.11.2023 во 17.15 чaсот во СВР Битола, А.М.(24) од Битола пријавила дека на ул.„Кочо Рацин“ била физички нападната од Д.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 19.11.2023 во 12.00 часот во СВР Битола, П.П.(60) од Битола пријавил дека на ул.„Пелистер“ бил каснат од куче скитник.

На 19.11.2023 во ОВР Прилеп, А.Ш.(56) од Прилеп пријавил дека на локалниот пат помеѓу селата Дупјачани и Дреновци бил каснат од куче скитник.

На 19.11.2023 во ОВР Прилеп, Ѓ.К.(20) од Прилеп пријавил дека на ул.„5 Прилепска“ бил каснат од куче скитник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment