Од билтенот на СВР Битола
На 23.12.2024 во 01.30 часот во угостителски објект во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.Ч.(34) од Прилеп затоа што со остар предмет се заканувал на В.К.(27) од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 22.12.2024 во 22.00 часот во СВР Битола, 40-годишна жителка на битолско село пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг П.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 22.12.2024 во 14.30 часот во СВР Битола, М.Н.(32) од Битола пријавил дека во казино на ул.„Партизанска” во Битола бил физички нападнат од Т.Н. од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 22.12.2024 во 16.00 часот, 49 – годишна прилепчанка пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Н.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 22.12.2024 во 23.15 часот во ОВР Прилеп, 36-годишна прилепчанка пријавила дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен сопруг Ц.М. од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 22.12.2024 во 14.30 часот во ОВР Прилеп, Р.М.(30) од Прилеп пријавила дека на ул.„Ердован Шабаноски”во Прилеп била физички нападната од нејзината сосетка Е.Е. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 22.12.2024 во 21.10 часот во ОВР Прилеп, С.Ѓ.(35) од с.Ново Лагово, прилепско, пријавил дека во објект во Прилеп бил физички нападнат од Д.Т.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 22.12.2024 во 20.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека околу 19.30 часот на ул.„Поп Аврамија” во Прилеп било забележано едно лица како фрла експлозивна направа, при што настанала експлозија пред куќа и патничко моторно возило „пежо 207″ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на С.Л.(21) од Прилеп. Нема повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
СВР Битола
23.12.2024