Билтен СВР Битола ( настани)

 2,937 

Свр Битола
На 25.10.2022 во СВР Битола било пријавено дека околу
21.30 часот во колонијална продавница на ул.„Младински
бригади“ во Битола едно лице со закана кон вработената
одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот.
На 25.10.2022 во ОВР Прилеп, Е.М.(29) од с.Алданци
пријавил дека на бул.„Гоце Делчев“ во Прилеп бил физички
нападнат од И.Д. и И.Н. од Прилеп. Се преземаат мерки за
расчистување на случајот.
На 25.10.2022 во СВР Битола, Г.Ј.(38) од Битола пријавил
дека кај место викано „Јени мaале“ во Битола неговата
малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 25.10.2022 во 20.42 часот во СВР Битола, П.С. од Битола
пријавила дека на ул.„Кочо Рацин“ во Битола нејзиниот
сопруг З.Б.(56) од Куманово бил физички нападнат од
неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на
случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment