Битола:Еден работник загина, друг е тешко повреден при пад на гранитна плоча

 14,176 

Едно лице загина а друго е тешко повредена во несреќата што се случила вчера во фирма за изработка на надгробни споменици во Битола. Полицијата соопшти дека нереќата се случила додека работниците ги извршувале работните задачи во кругот на претпријатието.-На 30.04.2022 година во 15.25 часот е пријавено дека во фирма во Битола, додека извршувале работни задачи, со тешки телесни повреди се здобиле М.Ј. и М.Ш. Од здобиените повреди, М.Ј.(59) починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, пак М.Ш. (45) е пренесен во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Полициски службеници и трудов инспектор излегле на лице место, соопшти МВР.Според сознанијата, несреќата се случила кога работниците ги растоварале гранитни и мермерни плочи од кои подоцна се изработуваат надгробни споменици. Во еден момент големата гранитна плочата паднала врз двајцата работници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment