238
Битола секогаш ги има најдобрите. Од овој град се раѓаат само успешни, препознатливи, свои, и творат плодови на успех, со кој и светот не препознава. Таква личност е младиот наш сограѓанин , гордост на Битола Алмин Емрулов.

Магазинот ,,Убавина и здравје” го организираше третото доделување на наградите U & Z Influencer Awards, на 14 декември, каде што беа избрани најдобрите инфлуенсери за 2021 година и тоа во различни области. Во категоријата „Fashion“, беше избран токму нашиот сограѓанин Алмин Емрулов и неговите прекрасни фотографии направени со ,,Scandal”, еден од парфемите на компанијата „Матос“.
Со оваа професија се занимава уште како средношколец а своите врвни успеси на ова поле се истакнуваат секојдневно. Овој млад наш сограѓанин кој има 19 години е новата надеж за промоција како на самиот себе така и на градот на Конзулите, Битола.

Неговиот интаграм профил во моментот брои 15.700 следбеници , објавени се доста атрактивини фотографии со над 1000 лајкови. На неговиот пат до пробивањето како инфлуенсер на македонската сцена ,вложени се труд и работа, за на крајот, конечно некој да ја препознае неговата креативност и харизма.
Тој е задоволен што оваа награда е во неговите раце и токму таа е негов иден мотив , за да биде поуспешен. Битола пак, како град секогаш е подготвена младите да ги поддржува кои имаа своја цел , свој сон.

Имам силна желба за работа и соочување со нов креативен предизвик. И бидејќи квалитетот привлекува квалитет – очекувам оваа награда да ми донесе уште нови соработки – зошто јас веќе сум гладен за нови креативни предизвици. Имам уште многу соништа и цели за остварување – вели Алмин.
На прашање од топновост Дали се гледа во иднина надвор од Битола, или покрај веќе постигнатиот успех ќе остане во родниот град и понатаму ќе го претставува истиот, тој одговори – Секоја прилика за работа и соработка надвор од Битола (Македонија) каде и да е радо ќе ја искористам.. Но секогаш мојот град ќе го претставувам во најдобро светло. Тука е мојата Фамилија, моите блиски пријатели и соработници
Му посакуваме од срце успех!