Битола го има Свети Нектариј Битолски како заштитник, но има уште 40 светци кои ја чуваат во прегратка

Свети 40 Севастиски маченици — црква која се наоѓа на Кркардаш во битолскиот Смилевски Баир. Била подигната пред 150 години, на местото каде постоел некогашниот манастир „Свети Атанасиј“. Кога турскиот аскер ја освојувал Битола, калуѓерите од манастирот пружиле жесток отпор борејќи се на тој начин што во едната рака носеле крст а во другата меч. Во чест на овие 40 калуѓери, подигнат е манастирот „Св. 40 маченици“. Славата на ова црквиче е на првиот ден на пролетта. 

Токму овде се чествуваат и светите 40 битолски преподобни маченици.Македонската православна црква, во 2012 година 28 октомври, со свечена божествена литургија во црквата Свети Великомаченик Димитрија, високи почести од литургискиот живот,  13 владици и многу верници, изврши канонизација на 40 битолски преподобномаченици од 14 век и ги прогласи за светци.

 Голем број верници со иконата на 40 маченици , црковен оркестар и поворка прошета тој ден низ Битола на плоштадот  Магнолија каде што се одржа почесно слово а .40 бели гулаби летнаа во знак на нивното возвишение за оние кои настрадале нежалејќи го својот живот за верата, на почетокот од Отоманското владение.

Битола го има Свети Нектариј Битолски како заштитник, но има уште 40 светци кои ја чуваат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment