Битола моја не би те заменила никогаш!

 2,062 

Раѓањето, првите чекори ми се низ твоите улици моја Битола. Детството, младоста, првата љубов ми се од тебе, и токму низ тебе во пазувите на шеталиштето. И никогаш не се изморив од твојата убавина која одново и одново сакам да ја гледам.Животот пише романи а во нив има се. Ако би пишела роман за тебе ќе те опишам како убавина , како град кој неможе да биде заменет.Понекогаш ни носиш и раочарувања но кратко траат бидејќи со твојот сјај , вера, лесно се надминува се. Можеби не успеавме во тебе да изградиме подобар живот , можеби затоа што те сакавме премногу!Битолчани се навидум строги но внатре во себе се токму како и тебе граду мој полни со љубов и добрина само, не секој може да стигне да ги освои.Можеби треба повеќе да те сакаме Битола, можеби треба повеќе да те цениме и негуваме, можеби не е доволно . Можеби чекориме кон подобар живот поголеми плати но дури и да е така, битолчани каде и да се те носат во срцето а твоето срце граду мој вечно ќе живее!

писмо од наша читателка

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment