1,007
Комисијата за заразни болести утре на пладне на онлајн состанок ќе дискутира за моменталната епиде миолошка состојба. Дали бројките на новодијагностицирани се загрижувачки и ќе има ли враќање на дел од превентивните мерки ќе одлучат членовите на советодавното тело на министерот за здравство
Статистиката покажува дека земјата се уште е во жолта фаза, но расте бројот на амбулантски прегледи на инфективните одделенија. Со полн капацитет работи и одделот на Клиниката за гинекологија каде само за еден месец имале 40 породувања на заразени жени.
-Апелот останува ист. Бремените жени се посебна категорија и тие за разлика од останатите треба многу повеќе да се заштитуваат. Значи секој ден во амбулантите ги советуваме да внимаваа, да избегнуваат масовни собири, знаеме дека сега кај нас во земјата се актуелни семејни прослави и доколку присуствуваат на места каде има повеќе луѓе и помалку се проветруваат, да носат заштитна маска, вели др. Весна Чибишева гинеколог-акушер од Клиника за Гинекологија и акушерство.
На одделот на гинекологија во моментот има 8 позитивни трудници и родилки и велат бројките постојано варираат. Најмногу хоспитализирани има на Инфективна клиника и во детската болница во Козле каде покрај заразените деца со позитивен тест се и десетина мајки.
Во внатрешноста според бројот на активни случаи на врвот е Битола а потоа следуваат Куманово, Кавадарци и Прилеп.