Утрово -10 степени Попова Шапка, -8 Маврови Анови, Крушево, -5 Берово, -4 Крива Паланка, Битола, Прилеп, Охрид, Претор, -3 Тетово, Дебар, Виница, -2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Штип, -1 Велес, Кавадарци, Скопје-Петровец, Струмица, Демир Капија, 0 Гевгелија.
Највисока снежна покривка од 64 см има на Попова Шапка, 57 Маврови Анови, 36 Крушево 34 Дебар, 32 Штип, 31 Демир Капија, 30 Битола и Тетово, 27 Берово, 20 Прилеп, 17 Охрид, 15 Струмица, Претор, 11 Крива Паланка, 10 Скопје-Петровец, 6 Куманово.
Времето денеска претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени. Во Битола до -2 степени.