Битолската криминалистичка полиција со акциска контрола во казината и спортските обложувалници

 1,545 

На 14.09.2022 во периодот од 18.00 до 22.00 часот, полициски службеници од СВР Битола – Отсек за криминалистичка полиција спроведоа акциска контрола во спортски обложувалници и казина на подрачјето на Битола. Притоа, бил констатиран еден прекршок по член 20 од Законот за игри на среќа, односно во една обложувалница бил затекнат малолетник, кој бил предаден на родителите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.- известуваат од СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment