2,355
Извадок од официјално соопштение на СВР Битола
На 15.08.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за општ криминал при
СВР Битола лишени од слобода се М.М.(36) и Р.К.(26), поради постеоње основи на сомнение
дека извршиле кривично дело „предизвикување на општа опасност“, по чл.288 од
Кривичниот законик. Имено, во 09.30 часот во СВР Битола И.В. од Битола пријавил дека во
временскиот период од 22.00 часот на 14.08.2022 до 07.15 часот на 15.08.2022 на
ул.„Македонска фаланга“ во Битола, на две патнички возила „митцубиши“ и „голф“,
сопственост на пријавителот била истурена течност, при што било предизвикано нивно
оштетување. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници,
сторителите биле идентификувани, а при извршен претрес кај лицата пронајдени се
предмети поврзани со извршеното кривично дело.
Во координација со Јавен обвинител, по документирање на случајот ќе следува соодветен
поднесок.- информираат од СВР Битола