ОПШТИНАТА И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ЈА ЗАПОЧНАА АКЦИЈАТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО БИТОЛА
Акцијата продолжува и во следниот период, а граѓаните имаат можност дополнително да пријавуваат диви депонии преку веб платформата „Пријави проблем“ или на електронската адреса contact@bitola.gov.mk.Со ваквиот пристап, локалната самоуправа во соработка со граѓаните, ќе овозможи навремено расчистување и спречување на појавата на нови депонии кои имаат негативно влијание и врз животната средина.