Битолчани Саатот ни го враќат ни го менват, на Битола е!

 1,722 

Ни го враќаме ни го менваме наш е на Битолчаните. Поќе од Битола ништо не даваме, не менваме и не враќаме. Само стрелките ќе ги поместиме за да знајме колку е саатот дека лето ќе се шета и толку

Сместена во строгиот центар на градот со своите 32 метри, Саат кулата е најпрепознатливото обележје на Битола. Според некои историски записи, саат кула во Битола се спомнува уште во 1664 година, но не е утврдено дали се работи за истиот објект. Во недостаток на попорецизни информации, се смета дека денешната Саат Кула била изградена истовремено со блиската црква Св. Димитриј некаде околу 1830 година.

„Постои легенда дека Турските власти собрале 60,000 јајца од локалното население од Битола и околните села, кои требало да се употребат во малтерот при изградбата на Саат кулата. Со тоа градителите сметале дека ѕидовите ќе бидат многу поцврсти. “

Викендов, односно ноќта меѓу сабота и недела почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час напред, што значи дека наместо два, ќе биде три часот.
Часовниците се поместуваат двапати годишно, на последниот викенд од март и октомври. Во март стрелките се движат еден час напред, а во октомври часовникот се враќа еден час наназад.
Целта на летното сметање на времето е подобра усогласеност помеѓу часовите од дневна светлина, за работното време и училишната настава. Така, наместо утринска дневна светлина кога повеќето уште спијат, останува 1 час дневна светлина за повеќе вечерни активности. Летното сметање на времето почесто се користи во умерениот појас поради забележливите разлики помеѓу бројот на часови од дневна светлина во различно годишни времиња. Поместувањето кон летното, односно зимското сметање на времето е со цел да се заштеди енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment