Битолчани се пример за сите останати, и до продавница одат дотерани!

За до продавница битолчанец не ти оди било како, ќе се дотера, ќе се среди па потоа. За битолчанки пак што да кажеме, пример за сите други градови колку и како треба да изгледа жената во денешниот свет

Секогаш средени, негувани, модерни…и на пазар да прошеташ ќе ги сретнеш во таква верзија иако само излегле да пазарат. А за шетањето по Широк Сокак и да не зборувам. Вистинско уживање е да седнеш на кафе во некоја кафетерија, без разлика на возраста, брачниот статус, материјалната состојба итн….задоволство и празник за очи!!!!! Пример за сите други градови колку и како треба да изгледа жената во денешниот свет. Максимално уредена во секоја ситуација. Многу наши градови не можат да се пофалат со вакви нешта во глобала.

Средена,негувана и модерна не значи облечена во свечена тоалета баш како за во театар

Значи дека Битолчанките знаат да одберат што и како во секоја прилика….толку убав женски свет можеш само таму да сретнеш (за вкусовите не се расправа

 Факт е дека битолчанки традиционално внимаваат на изгледот многу повеќе одколку сите други жени во Македонија. А убавината е сосема релативен и субјективен поим, затоа нема да кажам ништо за нејзе.
Но вистина е дека многу поголемо внимание ќе привлече убаво дотерана и негувана жена која и е сосема просечно или подпросечно убава за разлика од најубавата која спомнатото внимание не си го посветила како што треба.А и машките ни се лепотани така да во градот се е убаво и дотерано почнувајќи од најмалите се до највозрасните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment