Минатата недела Здружението на лиценцирани такси превозници од градот испратија барање до Совтот на Општина Битола за корекција, односно поскапување на цената на такси превозот. Покачување каде што имаме околу 5 денари на зголемување на секој километар и имаме фиксен старт на таксито каде се вклучува и еден километар на движење и ќе изнесува 60 денари.
Опозицијата побара субвенционирање на такси превозот во градот и засилени котроли од страна на комуналните инспектори.И советникот од ЛДП Груевски со предлог во одреден период да се субвенционира такси превозот во градаот.
Точката за поскапување на цената на такси превозот во градот беше изгласана од страна на мнозинството во Советот, односно „ЗА“ глсаа ВМРО ДПМНЕ и Поинаку, советниците од СДСМ И ЛДП гласаа воздржано, а против беа советниците од Левица.