Прв документарен филм за животот и делото на Свети Нектариј Битолски, кој раскажува за местото каде што тој се родил, скитот во кој што се подвизувал и за возобновувањето на неговиот култ во Битола. Реализиран е со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар . За македонскиот светител од 15-ти век преподобниот Нектариј Битолски, македонската јавност многу малку знае. Можеби затоа што преподобниот Нектариј уште како дете заминал од Битола и своето светителско достоинство го добил далеку од своето родно место, на Света Гора. Проектот бил поддржан од општина Битола. Сценарио: Драги Атанасовски Режија: Благојче Божиновски Продукција АСТРА -ВЕДА Македонија, 47 минути поддржано од Вишеград фонд
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-
БИТОЛА!Паркираните внатре а возилата кои треба да се осветат надвор од црковниот двор?
За да се освети автомобил убаво би било унапред да си договорите со свештено лице од... -
Излезе од печат Божикното издание на списанието „Православна Светлина“
Бесплатниот примерок од списанието можете да го најдете во сите цркви и манастири низ Повардарската епархија.... -
ОТКРИВАЊЕ НА СВ.МОШТИ НА ПРЕПОДОБНОМАЧЕНИКОТ ЕФРЕМ НЕАМАКРИЈСКИ ЧУДОТВОРЕЦ
Неговите свети мошти се откриени на овој ден-1950 год. Светиот се јави на една млада девојка...