БРАВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ СЕКОЈА ЧЕСТ!!! НА 6-ти НА ПЛОШТАД, БЕСПЛАТЕН РУЧЕК ЗА СИТЕ

Под мотото „Ајде да се собереме, никој не треба да биде сам за Божиќ“, Општина Кавадарци организира ручек на градски плоштад на 6 јануари оваа година, најавија од кавадаречката локална самоуправа.

– Додека повеќето од нас ќе се соберат да го прослават Бадник и Божиќ, да се насмеат и да уживаат на празничната трпеза со семејството и своите најблиски, не смееме да заборавиме на оние кои се без семејство, без дом, без полна трпеза, не смееме да ги заборавиме оние кои се сами и осамени. За овие луѓе Бадник и Божиќ можеби нема да биде најубавото време во годината, укажуваат од локалната самоуправа.  Токму затоа, во пресрет на божиќните празници, како што наведуваат, Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании, ќе организира ручек на градскиот плоштад на 6 јануари од 9 до 14 часот.-Целта е да допреме до овие луѓе и да им понудиме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, кое веруваме ќе стане традиционално. Идејата е на еден од најдобрите готвачи шеф Горан Филипов од ресторан Моклиште, кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од цела Македонија, ќе се потрудат да ја реализираат и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани, нагласуваат од Општината, набројувајќи ги и другите компании и субјекти кои се вклучиле во оваа акција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment