(ВИДЕО) МВР заплени дрога вредна 50.000 евра ,разбиена организирана криминална група

 71 

Разбиена организирана криминална група која се занимавала со недозволена трговија со дрога, приведени 3 лица, запленетa дрога вредна 50.000 евра

На 25.01.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, СВР Скопје и ОВР Свети Николе, по спроведена истрага во координација на Јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, беше пресечен транспорт на марихуана, со вкупна тежина од 25,3 килограми, вредна 50.000 евра, при што се лишени од слобода М.А.(63), Д.К.(45) и Ј.К.(82) сите од Скопје.Имено, во текот на јануари 2022 првопријавениот М.А. ја набавил дрогата и го ангажирал Д.К. на 24.01.2022 со рент-а-кар возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, да ја пренесе до викенд куќа на место Голиево, во Мирковци, изнајмена од страна на првопријавениот. На 25.01.2022, откако М.А. договорил купопродажба на 10 килограми марихуана во с.Василево, струмичко, ги ангажирал Д.К. и Ј.К. да ја пренесат дрогата со возилото „форд фокус“ до викенд куќа во с.Василево, а М.А. со остатокот од дрогата, со патничко возило „шевролет калос“ со скопски регистарски ознаки, се упатил кон Скопје.- соопшти МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment