Видео од вежбa на легендарната група „Вимпел“ – една од најтајните специјални единици на светот

 72 

На интернет се појави видео од вежбa на легендарната група „Вимпел“ – една од најтајните специјални единици на светот.

Една епизода на емисијата „Пријомка“ на ТВ „Ѕвезда“ беше посветена на специјалната единица „Вимпел“, која слави 40-години од своето формирање. За прв пат, новинарите имаа шанса да снимаат вежбa на легендарната Управа „В“ на Центарот за специјална намена на ФСБ.

Според сценариото, пренесува „Росијскаја газета“, бунтовниците зеле заложничка и се кријат во утврдена пештера. Борците на „Вимпел“ имаат 16 часа да го ослободат девојчето и да ги ликвидираат терористите. Во операцијата „Одмазда“ се вклучени борбени нуркачи, падобранско-десантна група и снајперисти.

Најпрвин, со помош на сателити и дронови, беа собрани информации за објектот и местото и каде се држи заложничката. Потоа за работа се фаќаат борбените нуркачи. Тие се упатуваат кон зградата од нивната база, маскирани како обична јахта.

Целата нивна опрема е наменета за нивно незабележливо движење по подводни маршрути. Затоа, наместо обични комплети за нуркање, тие користат апарати за дишење кои не испуштаат меурчиња. Подводните влекачи им помагаат брзо да пливаат во длабочина. И покрај стереотипите, нуркачите не носат со себе подводни автомати.

Како што објаснува еден од нив, водата е само терен за движење. Мора тајно да одите од точката А до точката Б, да ги завршите вашите задачи и да се вратите. А за дејствија на копно, спецназовците имаат автомати „Витез“. Тоа е оптималното оружје за борба во пештерски услови, каде што постои висок ризик од рикошетирање. Затоа, тие не користат панцирна муниција, туку со меки јадра од олово.

Секој „Витез“ има фенер, климаторски нишан и придушувач.

Откако ќе стигнат до брегот, нуркачите ја опремуваат подводната база, вршат извидување, се пресоблекуваат и дури потоа се упатуваат кон пештерите. Мора да поминат 15 километри на непознат терен.

Падобранско-десантната група има за задача да слета во тилот на непријателот. Се десантираат ноќе од авион кој лета со брзина од 370 км/ч, со полна борбена опрема, од голема височина, каде што е разредена атмосферата. Затоа мора да дишат од балон. Еден од офицерите прави тандем-скок со водителот на емисијата. Дури и во услови на целосен мрак, групата е во состојба да забележи точка и да се приземји многу прецизно, на пример, на покрив на зграда. Само десетици луѓе во светот се способни за ова.

Во меѓувреме снајперистите се десантираат во планината од хеликоптер. Тие работат во групи од по четворица – двајца се одговорни за ликвидација на терористичките водачи, третиот е набљудувач, а четвртиот го покрива тилот и ги набљудува маршрутите за извлекување на групата. Најмногу задачи има набљудувачот – го следи ветерот, растојанието и го контролира целиот реон, внимавајќи на заканите.

Снајперистите на „Вимпел“ особено се одликуваат по тоа што не само што мора да гаѓаат прецизно, туку и да зборуваат странски јазици. Еден од офицерите во четворката зборува арапски и фарси, другите англиски и француски.

Операцијата беше изведена беспрекорно. Борбените нуркачи ја расчистија пештерата, деминираа комплексна експлозивна направа со која беше опашана заложничката и, откако ја пресоблекоа во подводна опрема, ја однесоа на безбедно место во морето.

Падобранско-десантната група ги ликвидираше гонителите и се упати со баги кон своите. А снајперисти во ноќни услови ги уништија терористичките водачи и ја напуштија планината со хеликоптер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment