ВИТЛЕЕМ – ГРАТЧЕТО КАДЕ ШТО СЕ РОДИ ХРИСТОС

Витлеем (дом на лебот) (1. Мој. 35:19, Михеј 5: 1, Мат. 2: 1, Рут 1: 2) се нарекува и Витлеем на Ефрат. „2. И ти, Витлееме Ефратов, иако си најмал меѓу илјадниците Јудејци, од тебе ќе излезе Оној, Кој треба да владее во Израилот и чие потекло е од почетокот, од Вечноста.

Тој бил многу мал и безначаен град во племето на Јуда и не бил ни споменуван во општите списоци на градовите на Јуда (Нех. Глава 11). Светиот крал и пророк Давид е роден во овој град (Лука 2: 4-11). Селото Химкам, близу Витлеем, било вообичаено место од кое патниците се упатувале кон Египет (Јер. 41:17). Градот се наоѓа на еден рид, на околу 10 км јужно од Ерусалим.

Поклониците отсекогаш го посетувале Витлеем. Од далечина, погледот кон Витлеем е многу убав. Меѓу плодните полиња, опкружен од сите страни со ридови, тоа е навистина едно од најживописните места во Палестина.Со него се поврзани многу историски текстови. Рахил беше погребана тука. „ И отиде Јаков потаму од Ветил, и го распна шаторот свој подалеку од кулата Гадер. А кога им преостана уште маку пат до Ефрат, Рахил роди, и породувањето ѝ беше тешко. “(1. Мој. 35:16). Рут собирала класје на полињата во Витлеем.

Градот беше родно место на Давид, пророк и псалмопејач, па оттука и неговото второ име, град на Давид (Лука 2: 4-11).Најзначајниот настан за Давидовиот град беше раѓањето на Спасителот Христос. Пресвета Богородица живеела во Назарет, но заради пописот во Рим била обврзана да замине во Витлеем затоа што потекнувала од куќата и семејството на Давид. Во времето кога таа се населила таму со Јосиф, се родил младенецот Исус, завиткан и ставен во јаслите, бидејќи во гостилницата немало места.

Овој славен настан му придава посебно, свето значење на Витлеем и на неговата околина, бидејќи „Словото стана тело и живееше меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ја видовме неговата слава, славата како Единороден на Отецот (Јован 1:14).Среде Витлеемските полиња се појавиле ангели на пастирите, кои ги пасели своите стада и во “чудната ноќ”, от небесата се слушнало ангелското славословие:„Слава на Бога во висините, и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја“ (Лука 2:14). На ова место, предводени од необичната ѕвезда, дојдоа мудреците од Исток за да се поклонат на новородениот Спасител на човештвото.Денес, Витлеем е познат како Беит Лахм. Сместено е во планините, во форма на амфитеатар, од западниот до крајот на источниот рид е сцената на раѓањето, или пештерата на Рождеството, позната и посетена од христијаните уште од најстари времиња. Во IV век н.е. Светата кралица Елена подигна прекрасен храм во чест на Богородица над светата пештера. Главниот олтар (во средината), се издигаше на неколку скалила, и се наоѓаше над самата пештера.

Од него, 15 мермерни скали водат кон подземната црква, што е всушност самата Пештера на Рождеството. Местото на раѓањето на Спасителот е во полукружна структура и е обележано со сребрена ѕвезда со 14 зраци, помеѓу сребрени кандила.Масата, олтарот и мермерната плоча служат како престол за Божествената литургија. На неколку чекори од местото на Рождеството Христово, десно, се наоѓа пештерата со јаслите, каде лежел младенецот Исус. Јаслите се врежани во карпа и се обложени со бел мермер. Во овој храм има неколку други пештери и олтари како што се: пештерата во која престојувал Светиот Праведен Јосиф; пештерата во која се закопани младенците од Витлеем, невино убиени од кралот Ирод; ќелијата и гробницата на блажениот Јероним и други.Постојат многу други обележја и стари споменици во околината на Витлеем. Во долината Ратам е домот на Симеон Богопримец.

Недалеку од патот за Витлеем, се гледа стеблото на калинката, под која, според легендата, Света Дева Марија почивала на патот од Витлеем до Ерусалим. Пред Витлеем, после спуштање во долината, се наоѓаат гробот и надгробниот споменик на Рахил, над кој денес е изградена муслиманска соба за молитва. Понатаму, можете да ги видите урнатините на древниот град Рама, кој потсетува на трогателните зборови од Светото писмо: „Така вели Господ; ”Глас се чу во Рама, плач и ридање големо; Рахил ги оплакува своите деца, и не сака да се утеши, зашто ги нема.” “(Јер. 30:15; Мат. 2:18, итн.).Од “ Комплетна православна библиска енциклопедија” – архим. Никифор Бажанов

Извор: Премин Портал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment