Влада: Засилени контроли за спречување на евентуални манипулации со храна и гориво

 65 

Владата на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека од страна на Управата за финансиска полиција, заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи се спроведуваат засилени и сеопфатни контроли за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето со храна и горива.Инспекциски контроли на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти и на правните субјекти кои вршат трговија на мало и големо со нафтени деривати на територија на целата држава се спроведуваат со цел да нема застој во снабдувањето со прехранбени производи, овошје, зеленчук, енергенси и да не се создава паника кај потрошувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment