Воени авиони на АРМ вечерва летаат над Скопје, се работи за вежба

 103 

Воени авиони вечерва ги вознемирија граѓаните на главниот град. Но, според официјалните информации од МВР се работи за вежба на Армијата на Република Македонија (АРМ) и нема потреба од вознемирување. На речиси секои 5 минути главно во реонот на Лисиче вечерва летаат авиони кое се бучни и светат на темното небо. 

Состојбата со војната помеѓу Русија и Украина е причина ваквата глетка да предизвика страв кај дел од граѓаните на Скопје , но официјално нема никаков напад, туку се работи за редовна вежба.

Дополнителен страв предизвика и видео со пукотници објавено на социјалните мрежи за кое граѓаните се прашуваа што се случува со пукањето. И во овој случај се работи за вежба.

https://www.mkd.mk/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment