Во атарот на с.Крани, ресенско, настанал пожар во ниви засадени со јаболкови дрва

 900 

На 13.7.2022 околу 14.00 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека во атар на с.Крани, ресенско, настанал пожар во ниви засадени со јаболкови дрва. Полициски службеници излегле на местото било констатирано дека откако М.С.(68) со живеалиште во САД и со привремен престој во с.Крани, го запалил стрништето во неговата нива на место викано „Барик“, огнот се проширил и зафатил сува трева и јаболкови дрва сопственост на С.П. од с.Крани и јаболкови дрва и црево сопственост на Т.К.. Пожарот бил изгаснат , а повредени нема. Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Ресен.

фото илустрација

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment