Во Битола во организација на Ротари клуб “Широк сокак” од Битола, одбележан 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените

 2,530 


Вчера (25.11.2022) во Битола инспектори за семејно насилство на СВР Битола, заедно со претставници на Советот за превенција на детско престапништво , психолози и др. ,а во организација на Ротари клуб “Широк сокак” од Битола учествуваа на трибина во склоп на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство “. Оваа кампања во Република Северна Македонија се одбележува од 2014 година и има цел да ја подигне општествената свест и да поттикне на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, а се случува секоја година во текот на 16 дена во периодот помеѓу 25 ноември – Меѓународниот ден за елиминација на насилството против жените и 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment