Во Битола вчера поради невремето оштетени неколку автомобили

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во периодот од 15.30 до 17.00 часот, подрачјето на Битола било зафатено од краткотрајно невреме при што биле регистрирани неколку настани, од кои бележат паднато дрво во центарот на градот на ул.„Столарска“, при што се оштетени две паркирани возила и била зафатена коловозна лента. За истото известен е е ЈП „Комуналец“ – Битола и состојбата е санирана. Има регистрирано и паднато дрво на ул.„Страшо Пинџур“ бр.23 при што се искинати жици од електрична мрежа, падната бандера на ул.„Херцеговина“ и навалено големо дрво врз електрична инсталација (жици) во с.Бистрица. За овие настани и дефекти известени се ЕВН Македонија за да интервенираат. Покрај овие настани има и поголем број на други оштетувања предизвикани од силниот ветер. Исто така, и ТППЕ Битола имала две интервенции заради паднати дрвја и тоа во: с.Крклино и кај Кам Маркет во Битола.

Линиите на 112 во ЦУК се вжештија: повеќе од 160 до 200 повици беа примени во првиот час, а темпото на постојано добивање пријави за штети, информации за опасности и за итни случаи заради невреме, не застана, бидејќи иако во Скопско невремето се стиши, невремето продолжи во форма на локални обилни врнежи од дожд на места, град и со засилен ветер во Струмичко, Битолско, Гевгелиско, Валандовско и други региони во нашата држава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment