Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито, со максималната температура од -5 до 3 степени
Измерените температури утрово насекаде низ земјава се под нулата. Најстудено е во Крушево и во Берово со -12 степени. Во Крива Паланка се измерени -10, во Битола, Штип, Претор и Виница -9, осум степени под нулата е во Охрид, -7 во Прилеп, Струмица и Тетово, -6 во Скопје и Демир Капија, -5 Куманово, а -3 во Дојран и Гевгелија.
УХМР информира дека највисока снежна покривка од 39 сантиметри има во Маврови Анови, 31 на Попова Шапка, а 14 сантиметри во Крушево.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3 степени.