На 21.11.2024 во 08.45 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(25) од с.Десово, општина Долнени, пријавил дека околу 03.00 часот во неговиот двор во селото била фрлена експлозивна направа. Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид и било констатирано дека била фрлена рачна бомба, од чија експлозија биле оштетени неколку прозорци од куќата и две патнички возила „фолксваген голф“ и „опел корса“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б.. За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.- известуваат од СВР Битола
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-
ВРЕМЕТО УТРЕ: Претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини
Претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево... -
Житие: Собор на семејството на св. Григориј Палама
Во првата недела по празникот на свети Григориј Палама (14/27 ноември) е прославено и семејството на... -
Сообраќајот се одвива во зимски услови, се препорачува внимателност
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки...