Во казино во Битола починал грк

На 23.04.2024 во 18.30 часот во СВР Битола од страна на лекар од Итна медицинска помош Битола било пријавено дека кај нив, од казино во хотел во Битола, бил донесен Н.K.(62), државјанин на Р.Грција, без знаци на живот. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено да се изврши обдукција. Увид на местото извршила увидната екипа на СВР Битола.

СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment