На денот на пролетта односно на 21 март славеник манастир над Битола е Свети 40 Севастиски маченици — црква која се наоѓа на Кркардаш во битолскиот Смилевски Баир. Била подигната пред 150 години, на местото каде постоел некогашниот манастир „Свети Атанасиј“. Црквата исто е посветена и на Свети 40 маченици битолски.Кога турскиот аскер ја освојувал Битола, калуѓерите од манастирот пружиле жесток отпор борејќи се на тој начин што во едната рака носеле крст а во другата меч. Во чест на овие 40 калуѓери, подигнат е манастирот „Св. 40 маченици“. Славата на ова црквиче е на првиот ден на пролетта.До пред пандемијата Ковид 19 реки народ на овој празник беа токму кај овој славеник манастир, и да врнеше дожд тоа ништо не менуваше . Март ни започна годинава со снег и ниски температури , уште една недела најмалку ќе биде вака со врнежи дожд, снег и ниски температури, да се надеваме дека Мајката природа на 21 март ќе не удостои со топло пролетно време.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-
Празник на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка
Оваа икона најпрво му се јави на едно девојченце Ана во селото Купјатич во Минската губернија... -
Денес се празнува Светиот великомаченик Мина
По потекло египќанец и војник по занимање, свети Мина, како вистински христијанин, не можеше да го... -
Во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица
На местото каде што била куќата на светите праведни Богоотци Јоаким и Ана, своевремено (во V...