Во патнички автомобил со битолски регистарски ознаки пронајдено тело на починато машко лице

 2,722 

На спореден пат кај Тиквешкото Езеро во близина на Кавадарци синоќа беше пронајден патнички автомобил со битолски регистарски ознаки и тело на починато машко лице во распаѓање.

Поради лошата пристапност на теренот, полициски екипи од ОВР Кавадарци и СВР Велес денеска извршија увид на лице место.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обдукција на телото на починатиот со цел да се утврдат причините за смртта, како и за ДНК анализа со која ќе се утврди неговиот идентитет.​

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment