Во Пештани се степале пензионери, сите постари од 75 години

 849 

Тројца жители на Скопје, сите постари од 75 години, го нарушиле јавниот ред и мир вчера во раните утрински часови, кога се степале во близина на охридското село Пештани, соопшти МВР.

На 20.06.2022 во 04.45 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на населбата Пештани бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(75) од една и М.Ѓ.(77) и А.Ѓ.(75), од друга страна, сите од Скопје“, велат од полицијата.

По целосно документирање на случајот, против тројцата ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment