Во овој македонски манастир има дел од Чесниот Крст на кој беше распнат Исус..Имено станува збор за женски манастир а ние ви одвоивме информации со пократок осврт наменети за овој манастир.Манастирот Света Пречиста е изграден во падините на планината Врвои на надморска височина од 920 метри, од Кичево оддалечен околу 12 километри. Кај народот останало да се вика Крнински манастир. За постанокот на манастирот Света Пречиста има повеќе преданија. Имено, на северозападната страна на Кичево се наоѓа селото Кнежино. Таму имало манастир кој во 1739 година бил опустошен.
Пред тоа злосторство, чудотворната икона Света Богородица со Исус Христос од тој манастир сама дошла на местото од сегашниот манастир Света Пречиста. Манастирот Света Пречиста има долга и бурна историја. Доживеал високи дострели но и бројни уништувања и ограбувања од качачки банди. Катастрофални биле три – четири негови горења. Историски податоци има за горењето на манастирот во 1558 година. Тогаш манастирот имал братство од 15 луѓе. И при горењата на манастирот во 1824 и 1843 година манастирската црква останала целосно, но била мала и не ги задоволувала духовните потреби на верниците, собирала стотина посетители. Поради тоа, игуменот хаџи Теодосиј ( чии мошти почиваат во манастирот ) во 1846 година ја урнал малата црква и на нејзино место ја подигнал сегашната монументална. Помош за изградбата дале луѓето од Кичевско, Битола, Прилеп, Охридско, Дебарца и други. Изградбата била доверена на мајстори од селото Луково