На 17 декември, кога го славиме споменот на Свети Нектариј Битолски, заштитникот на градот Битола, со почеток во 17.00 часот, во Соборниот храм „Свети Великочаченик Димитриј“, ќе се отслужи Празнична Вечерна богослужба, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.
На 18 декември, празнувањето ќе продолжи со Утринска богослужба, која ќе започне во 07:00 ч., а потоа ќе се отслужи Света Божествената Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар.
После Светата Божествена Литургија, во 11.00 часот, од храмот Св. вмч. Димитриј, ќе тргне и ќе се изврши свечена Литија со моштите на „Свети Агатангел Битолски“, а во чест на нашиот патрон и Заштитник на градот Битола – Свети Нектариј Битолски.