Во 2005 година откриена непозната фреска на Исус во битолска црква

Loading

Свети великомаченик Димитриј Солунски претставува православна црква во Битола. Административно припаѓа на Битолското архијерејско намесништво на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ – ОА. Оваа црква изградена е во 1830 година, а камбанаријата е изградена во 1936 година. Градена е во форма на трибродна базилика, со странични галерии.

Целиот иконостас е изработен во позлатена резба од вештите раце на засега непозната резбарска тајфа, но сигурно составена од македонски мајстори. Во 2005 година, конзерваторите од Битолскиот завод и музеј и Заводот за заштита на спомениците на културата откриле дотогаш непозната фреска со претстава на Исус Седржител. Фреската е на централниот дел од сводот на црквата кој повеќе од еден век бил покриен со црнила од горењето на свеќи, така што долго време вредните историски уникати биле непознати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment