Вработен во затворот во Битола почина од корона – Заразени се вкупно 16 осуденици

Вработен во битолскиот затвор на возраст од 47 години почина од ковид-19 во Клиничката болница во Битола.

Ова за весникот „Нова Македонија“ го изјави директорката на Клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска.

Таа истакнала дека во битолскиот затвор позитивни на ковид-19 се 16 осуденици, кои имаат лесни симптоми, а едно лице е примено да се лекува во битолската болница.

– Пациентот беше примен во тешка состојба со добиен податок дека десетина дена имал симптоми. Примен е на 24 декември поради влошена состојба и пад на сатурацијата. Иако му беше дадена соодветна терапија и преземени лекарски мерки, пациентот почина утрото на 25 декември – изјавила д-р Гагачовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment