Временска прогноза за следните денови.Претежно сончево и потопло!

 2,453 

Во следните денови времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа засилен ветер од северен правец.Температурите ќе бидат во постепен пораст, најавуваат од Управата за хидро-метеоролошки работи.

Денеска времето е сончево со мала до умерена облачност и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје е, исто така, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment