Ќе биде стабилно, утре и во петок наутро ќе има појава на магла по котлините
Во петок и на почетокот на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер што ќе предизвика значителен пораст на дневните температури и побрзо топење на преостанатата снежна покривка. Во недела се очекуваат врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен.