До петок ќе се задржи стабилно време со слаб, наместа умерен јужен ветер.
По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност и таму температурите ќе се задржат пониски. Во останатите места ќе биде релативно топло, особено на планините каде ќе има постепено топење на снежната покривка. Во петок попладне и за време на викендот ќе има повремени врнежи кои најпрво ќе бидат од дожд, а поради спуштање на постудена воздушна маса со северен ветер постепено ќе преминуваат во снег.