Променливо облачно со повремено врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и поројни, проследени со појава на грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
„Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15 степени, а максималната ќе достигне 18 до 25 степени“, велат од УХМР.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои попладне ќе бидат пообилни и проследени со грмежи.
„Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне 22 степени“, информира управата.
Оттаму соопштија дека и во текот на утрешниот ден ќе се задржи променливо облачно време со врнежи од дожд.