ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во понеделник кон крајот на денот, а особено во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град. Потоа во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен северен ветер.