Променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.
Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Утре (26.12.2024) Ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално со брзина од над 60 км/час.