Го натепала сопругот, полицијата ја приведе

 487 

По семејна расправија која се случила меѓу брачни сопружници во делчевско село, приведена е триесет и двегодишна жена од Република Албанија.

Случајот го потврдија од делчевската полиција и посочуваат дека жената ја товарат за физички напад врз нејзиниот сопруг.

-Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 15.03.22 ја лишиле од слобода С.Ѓ.(32) од Република Албанија, со место на живеење во делчевско село, затоа што околу 18:00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот сопруг, се вели во соопштението од полицијата.<

По комплетирање на случајот против С.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава.  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment